Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ги испрати младите таеквондисти кои ќе ги бранат боите на Охрид и Македонија на претстојното Европско првенство.
Во објава на социјалните мрежи, Пецаков истакна дека тие се вистински амбасадори на градот, кои со својата посветеност и труд покажуваат дека ниту една цел не е недостижна.
Тој нагласи дека Општина Охрид дава безрезервна поддршка на спортистите, посакувајќи им многу среќа, борбеност и успешен настап на првенството.
„Покажете на светот што знаат охридските деца“, порача Пецаков.
