Младите козметичарки со големи успеси на регионалниот натпревар

Охридската ученичка Ресмија Селоска од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигна значаен успех освојувајќи го првото место на Регионалниот натпревар по шминка, кој се одржа во Битола.

Со оваа победа, таа обезбеди директен пласман на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 12 мај во Скопје.

Натпреварот ги обедини младите козметички техничари, кои своите знаења и вештини ги покажаа на тема „Свечена шминка“, при што учествуваа вкупно 12 натпреварувачи од:

  • СОУ „Таки Даскало“ – Битола
  • ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  • СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп

Од охридското училиште учество зедоа четири ученички, кои со својата креативност, прецизност и оригиналност оставија силен впечаток.

Од училиштето истакнуваат дека успехот е резултат на посветена работа, тимска соработка и силна визија, што уште еднаш го потврдува квалитетот на младите кадри.

Следниот предизвик за Ресмија Селоска е Државниот натпревар, каде ќе има можност повторно да го покаже својот талент и да се бори за нов успех.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани