Петкоска: Охриѓани се гушат, на Мауцкер се депонира отпад

Додека градоначалникот Константин Георгиески дише чист воздух на Француските Алпи, граѓаните секојдневно сѐ повеќе и повеќе се гушат, обвини на денешната прес конференција Лидија Петкоска претседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

 

„Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането.
Зошто покрај забраната и спротивно на законите повторно и повторно се одлага ѓубре на Мауцкер?
Ова ли се современите стандарди за одлагање отпад?
Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето.
Зошто Георгиески не бара одговорност од директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски за што ги потрошија парите за дислокација на отпадот?
Градоначалникот Георгиески и локалната власт создаваат проблеми наместо да вложат напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината.
Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина создавајќи депонија на Мауцкер и апсолутно не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО.
Локалната власт и градоначалникот Георгиески не можат да се справат ниту со депонијата Буково, исто како што не можат ни со дивоградбите.
По 12 април нема да изостане одговорноста за сите непочитувања и прекршувања на законите!, подвлече Петкоска. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани