Петто Вевчанско културно лето

За прв пат ќе се одржи Првиот вевчански маратон,потоа изложба на фотографии од настанот со водата во 1987 година и меѓународен симпозиум за оценка на она што значеше чекор кон демократизацијата на општеството.

Овогодишното петто по ред Вевчанско културно лето –ВЕВКУЛ – 2017 година,според својата програма ќе реализира десетина активности (промоција на книги,ликовни изложби,концерти и креативни работилници) и др.Меѓутоа,програмата овој пат,ќе биде збогатена уште со пет нови содржини со кои ќе биде одбележана 30-годишнината од Вевчанскиот случај со водата што се одигра на 7 август 1987 година.За таа цел,веќе е изготвена посебна програма и се вршат интензивни подготовки за нејзина успешна реализација. Според зборовите на иницијаторот,истакнатиот новинар и писател Мишо Китаноски,ова поставување не е насочено кон тоа да биде судија или пак,адвокат на она што се случило пред три децении,туку едноставно поттик да се направи валоризација на настанот од аспект колку се добиени и клку се спроведуваат демократските процеси во животот во нашата Република.Во исто време,тоа е и преиспитување на прашањето што доби,а што „изгуби“Вевчани со овој настан.

Програмата за одбележување на трите децении од Вевчанскиот случај со водата 7 август 1987 година како составен дел од Вевчанското културно лето,е поделена во два дела.Во првиот дел кој ќе се одржи на 6 август е планирано да стартува Првиот вевчански маратон,со учество на повеќе маратонци од Република Македонија,а следната година и со учество на странски тркачи.Патеката што ќе ја трчаат маратонците почнува во Вевчани и ќе го следи патот по кј требаше да минува трасата на цевководот од Вевчанските извори до викенд населбата Елен Камен и обратно.Планирани се да се доделат и три награди за најдобрите маратонци. На 7 август ќе биде отворена изложба на фотографии од самиот настан,а вечерта ќе биде изведен перформансот со наслов „Во одбрана на водата и слободата.“Изведбата е замислена како колаж,односно хроноисторија и потсетување од тогашното пишување на македонските и другите весници што излегуваа во поранешна Југославија.

Во перформансот учествуваат повеќе вевчански основци средношколци. Следната активност е прикажување на документарниот филм со наслов „Благодариме на слободата“ во режија на Крсто Шканата од Белград,снимен веднаш по настанот со водата,како сведоштво на повеќе вевчанци и на тоа време. Во вториот дел од програмата за одбележување на 30 – годишнината од овој настан,што ќе се одржи во средината на септември е организирање на Меѓународен симпозиум со наслов „Вевчанскиот случај со водата – 30 години,потоа:до каде е демократизицијата во Република Македонија.“Во рамките на оваа општа тема се и двата поднаслови и тоа:Успесите и падовите на демократските процеси во Р М и што доби,а што „изгуби“Вевчани со овој случај. Иницијаторот Мишо Китаноски уште истакнува дека на симпозиумот се поканети да учествуваат повеќе од 20 професори,аналитичари,публицисти,новинари и историчари од Словенија,Хрватска,Србија и САД,како и тренаесетина вевчанци,директни учесници во настанот .Се оценува дека со нивниот настап ќе се изврши проценка на случувањата ( пред и потоа )од денешен аспект и ќе се фрли нова светлина на настанот.Од рефератите и соопшенијата е планирано да бидат издадени две книги –зборници,со цел јавноста да има увид во кажаното и промисленото од страна на релевантните научно-стручни лица. За почесен претседател на Организациониот одбор за организирањето на 30 – годишнината од Вевчанскиот случај со водата од 1987 година,кој што силно одекна и пошироко,е избран Цветомир Угриноски,градоначалник на општина Вевчани.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани