Платите се трошат на храна и сметки, не остануваат за културна наобразба

Платите во земјава се трошат на храна и сметки, не остануваат пари за културна наобразба.

 

Ова го покажуваат анализите на Сојузот на синдикати на Македонија.

Најголем дел од парите се трошат за храна и сметки, а најмалку за култура и одржување на здравјето.

Минималната синдикална кошничка за февруари изнесувала 36.146 денари. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто. За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто, за облека и обувки 2.156,61 денар, или 5,97 отсто. За култура, семејствата трошеле 1.067,86 денари, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравјето најмалку, односно 749,07 денари или 2,07 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани