Недела на солидарност – „Вашиот прилог- значајна помош“

Недела на солидарност – „Вашиот прилог- значајна помош“.

 

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 18 – 24 април 2022 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца, како и за бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град.
Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:
– донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52
– донирање на парични средства (100 ден.) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвен крст со назнака за “Недела на солидарност”.
– со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620
– со електронска уплата на средства на интернет страницата на Црвениот крст
Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, велат од Црвен крст Охрид. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани