По 12 дневна битка пожарот на Галичица е под конторла

По 12 денови откако избувна пожарот на Галичица, конечно денес може да се потврди дека  е под контрола, но се уште  будно се следи. По големата акција во  текот на вчерашниот ден  кога беа ангажирани 120 пожарникари, голем број волонтери  на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и два полициски хеликоптера состојбата е стабилна.

Денеска на терен се 100 пожарникари, а се интервенира и авион и хеликоптер до конечно ликвидирање.

„Пожарот на две критични точки се стави под контрола се прават појаси и сега е потребна жива сила која ќе го обезбедува постојано местото имаме една точка во Албанија каде пожарот е сеуште активен за што вчера и кај нив делуваа мегународни авиони. Северната страна према охридскиот дел беше осигурана со појаси па кога пожарот навлезе во буката  го ликвидиравме. Сега се гаснат помалите жариште со жива сила“, вели Ѓуро Јовчески.

Најкритичен дел, беше месноста Страчка кон селото Војтино но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта, затоа теренот се обезбедува со жива сила.

-„ Западната стрна вдолж Охридското езеро беше позагрозена на тој дел делуѕваа трите ер трактори и жива сила. Периметар од околу 10км по границите и таму појасот е ставен под контрола но може со високите температуури пожарот повторно да се активира, но сега е ставемн под конторла и до понатамошно целосно ликвидирање. Сега е многу важно жива сила да е присуутна на сите три страни  до целосна ликвидација“, додава Јовчески.

Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица планината ја потресија  стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна. Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани