Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, денес на 16.08.2024 година со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца.
Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца.
Предвидена е и музичка програма со дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“.