Од рано утрово започна силна акција за справување со огнената стхија, која 11 денови беснее на Галичица. Надлежните служби, поддржани од голем број волонтери, ловџии, месно население, друштва и од други градови во земјава дејствуваат од копно да се спречи ширењето на огнот. Од утрово во акцијата се вклучени и два хеликоптери и три авиони ер трактори кои дејствуваат од воздух.
Деноноќна битка се водеше да се спаси планинската куќа на Црвениот крст и да се спречи проширувањето на пожарот во шумата. Според последните информации два огнени фронта на македонска територија се веќе под контрола , но се уште е критично кон селото Војтино.
-„Денеска имаме бројка од 120 луѓе конкретно во текот на денешниот ден е осигурана источната страница в долж Преспанското езеро каде што беше навлезена во чамот и и во буката. Се прават појаси интензивно со машини. 40 луѓе се на позиција од раните утрински часови масовна бројка бидејки е нова техника со гасење во високостеблеста шума. Овде беше многу опасно бидејки беше нискостеблеста шума грмушка и трева. Ова е најсеверозападната точка кај „Зли дол“ над куќата на Црвен крст се закануваше да изгори куќата, меѓутоа се работеше деноноќно куќата е безбедна и патот е безбеден“,вели Ѓуро Јовчески координатор на противпожарната единица на НП Галичица.
Изминативе денови стотина детонации од гранати од Првата светска војна ја тресат планината. И го отежнуваат гаснењето на пожарот, но и го прават исклучително ризичен. Надлежните велат нема простор за паника, нема опасност по села куки и население. Очекуваат состојбата да се стабилизира.
-„Работиме да го осигураме уште западниот дел и сметам дека пожарот во овие денови ќе го намалува својата кулминација. Значи да бидат спокојни луѓето се безбедни да не се шири паника. Ние ова го сметаме како повик на наша должност туку да ја заштитиме и природата и човечките животи . нема опасност по човечки животи но бараме измени во законот да има ригорозни казни за сите оние кои го прават ова на нашата татковина“, додава Јовчески.
Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и експлозиите од гранати не дозволија брза локализација на пожарот.
Новинар Соња Рилковска