Секоја година на 4 јуни,во манастирот “Свети Јован Владимир“(Св.Јонче ) во струшкото село Подгорци,на 15 километри од Струга,беше отслужена света архирејска Литургија.
По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач,кој го имаше приготвено овогодишниот кум на семејството Перески од Ложани а живее во елитната населба Езерски лојза во Струга, во чест на светиот маченик Свети Јован Владимир.Богослужбата и пеењето на светиот леб,кој секоја година го носи стариот кум,го изведе свештеникот Димче Павлески од Подгорци и Зоран Попоски од Вевчани.
Стотици православни христијани го посетија манастирот „Свети Јован Владимир“за да го одбележат по 97 –ми пат денот посветен на великомаченикот,имаше гости од околните села Лабуништа,Вевчани,Маруништа,Ложани,како и од градовоте Струга,Охрид и други места.
Денот на Свети Јован Владимир, кумот Илче од семејството Перески и Валентина Переска,која потекнува од оваа село,ја имаше подготвено годинашнава богата софра ( трпеза ) со мезе и пијалок.
Манастирот „Св.Јован Владимир“е изграден во далечната 1925 година,ова година е забележана на олтарот на самиот манастир,на почетокот од минатиот век,на влезот од селото во дабовата шума,бил изградерн храмот „Св.Јован Владимир“,единствен манастир со тоа име во државава.Посветен му е на Св.Јован Владимир,истиот дукљански кнез на Зета,дел од денешна Црна Гора,а цар Самуил не само што ја покорил Зета,туку го заробил и кнезот Јован Владимир.И како заробеник,во синџири,го затворил на островот Ахил,во Преспа,во 988 година.Кој подоцна се оженил со Косара,ќерката на цар Самуил,во 999 година.По женидбата живеел и владеел цели 25 години.
Манастирот „Свети Јионче“,како што го нарекуваат жителите на Подгорци,го спонзорирале ,односно како донатори се јавуват Захарие Тофил Р.Павловиќ и браќата Василеви,Петар Наумоски и Владимир Т.Ѓорѓевиќ ( 1925 ) сите од Подгорци,како и со прилог на жителите од Подгорци,е запишано на манстирската камбана ( ѕвонарот ) издлабен во металот,забележале и препишале Стојан Кукунешоски и Александар Младеноски при реконструкцијата на манастирот 1999 година.Но додека пак во 2021 година манастирот целосно беше ограден со монументална камена градба,уреден надворешниот дел и ајатите на истиот со целосна донација на Вадимир Пупиноски од Охрид,на кој што таткому,популарниот пејач на народни песни Секула Пупиноски потекнува од оваа село Подгорци.
Додека пак новиот ѕидно сликарскиот живопис на манастирот кој исто така го спонзорира Владимир Пупиноски ќе биде готов оваа 2022 година.
Забележано е дека токму во овој манастир прв бил крстен во 1931 година познатиот македонски писател Јован Стрезоски кој по потекло е од Подгорци.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ