Почина новороденче на пат за Скопје

Уште едно новороденче почина во болницата во Кичево. Според информациите, на Прес 24,  пред четири дена на охридската гинекологија била примена мајка во својата 30-та недела од бременоста.

Детето родено во таа гестациска недела по правило се пренесува во Скопје во инкубатор. За транспортот на вакви комплицирани случаи, постои веќе воспоставен протокол, кој најверојатно не бил испочитуван од страна на вработените во охридската болница, поради што состојбата на бебето се влошила некаде пред Кичево.

Бебето е префрлено во кичевската болница, каде два часа,  се обидувале да го реанимираат, но за жал не успеале.

За информацијата се уште нема потврда од Министерството за здравство.

Овој случај е само продолжување на црната серија со смртноста на новороденчињата откако во последните недела дена само во Скопје починаа 4 деца а смртни случаи беа регистрирани и во Струга и Охрид. Министерот за здравство најави истрага и соодветни мерки, пишува Прес 24. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани