Почнува 11. издание на меѓународниот младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Во рамки на програмите за промоција на хуманите вредности и развој на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид го најави 11-тото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Целта на фестивалот е поттикнување на младите да го развиваат својот театарски потенцијал и да се афирмираат преку сценска уметност. Настанот претставува и промоција на младинското волонтерство, како и придонес кон развој на театарската култура во Охрид, со што симболично го означува почетокот на културното лето.

Во четиридневната програма, од 10 до 13 јуни 2026 година, ќе бидат изведени пет претстави во кои ќе учествуваат околу 30 млади актери од Црвен крст Охрид, како и од организациите од Бар (Црна Гора), Крагуевац, Ужице и Суботица (Србија).

Свеченото отворање ќе се одржи на 10 јуни во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 20:30 часот, со изведба на претставата „Маски“, во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц и Даниел Наумоски, во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани