Почнуваат преговори со пратениците, вонредни избори последна опција

Заев почнува преговори со пратениците на ВМРО ДПМНЕ. До крајот на неделата се очекува да се знае резултатот, дали е постигнато мнозинство.

 

-„Ние остануваме на нашите ставови дека ќе направиме се во една пријатна атмосфера многу нормална и многу одговорна да разговараме со пратениците. Верувам дека ќе имаме резултат до крајот на неделата. 10 Октомври е некој таргет за да и соопштиме на јавноста кои се идните чекори. Јас се надевам ќе имаме можност да соопштиме дека се обезбедило мнозинство повеќе од потребното тогаш е нормално, тогаш е добро за државата и нема да загуби непотребни месеци. Во спотивно целата ситуација ќе мора да се решава преку вонредни парламентарни  избори кои не ги посакувам“, истакна Заев денеска во  Охрид. 

За премиерот Зоран Заев се неприфатливи барањата на Мицковски и најави дека нема да преговара со него.

-„Нема што да се разговара со Мицковски. Да се бара комисија за проверка на законитоста на реферндумот во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО ДПМНЕ а има и други институции  надлежни  за самата контрола на избирачкиот процес. Еве да кажам Управен суд каде што нема сменето ниту еден член мислам дека само повеќе од е јасно што всушност се сака да се постигне  со ваквите барања“, истакна Заев.

Веќе се одржуваат состаноци со пратениците со координаторите на пратеничките групи се тоа во една општествена демократска атмосфера со цел Македонија конечно да ја потврди оваа голема шанса за евроинтеграции, додаде Заев

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани