Поетски портрет на лауреатот Симиќ во „Св.Софија“

Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, денеска ќе понуди поетски треперења во Охрид.

Вечерва во 20 часот и 30 минути, во катедралната црква „Св.Софија“ ќе биде одржан поетскиот портрет на поетот-лауреат, добитник на „Златен венц на СВП 2017“ Чарлс Симиќ.Овој значаен поетски настан ќе се реализира после разгледувањето на повеќе културно-историски споменици што за поетите учесници на Струшките вечери на поезијата е закажан во Охрид во 17 часот. Во рамките на фестивалот, вечерва е предвиден и поетскиот перформанс „Созвучја“, што ќе се одржи во 22.30 на плоштад во Охрид – сцена кај споменикот на „Св.Климент“. Претпладневниот дел на фестивалот започнува со Поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2017 година во хотелот „Дрим“ и со Симпозиум „Изгубено/најдено во преводот“. Годинешниот фестивал СВП, има 47 поетски настани кои, покрај во Струга и Охрид ќе се одржуваат и во Скопје, Битола и Ресен.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани