Десеттиот јубилеен Охридски хорски фестивал, синоќа започна во кристалната сала на хотелот „ Инекс- Горица“.
На фестивалот што се организира со поддршка на општина Охрид, се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев. -Сите Вие сте од различни земји, но зборувате единствен јазик, јазик на музиката и културата.Ви посакувам вашата песна и музика, вечерва и во следните денови, како и секоја година да остават трага во охридската и македонската културна сегашност- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.
На фестивалот настапуваат 26 хорски ансамбли од Македонија, Полска, Русија, Србија, Романија, Чешка, Босна и Херцеговина, Белорусија,Кипар и Турција.