Земјотрес со интензитет 2,9 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 22 часот и 34 минути во Охрид и Ресен, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно од Охрид. Според експертите станува збор за типичен афтер шок на земјотресот од јули. До крајот на годнава во епицентралното подрачје околу Косел се очекуваат уште неколку послаби афтершокови.