Полицијата „ловеше“ пијани возачи во Охрид, во Струга фати насилник

Синоќа полицијата „улови“ пијани возачи и еден тепач на поранешната сопруга.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека синоќа Секторот за внатрешни работи Охрид, реализира зајакната акциска контрола кон возачи што управуваат возило под дејство на алкохол.
-Полициските службеници, во времето од 23 до 05 часот, контролираа вкупно 286 возачи, алкотестирани беа 188 а кај 23 возачи на моторни возила е утврдено присуство на алкохол. Во рамките на акциската контрола, од сообраќај исклучени се 27 а времено одземени се 23 возачки дозволи. Поради сторени прекршоци спротивни на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 25 мандатни платни налози и два прекршочни платни налози, изјави портпаролот Димоски Додава дека СВР Охрид и понатаму ќе презема мерки кон сите учесници во сообраќајот со цел подигнување на сообраќајната безбедност и нагласување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Синоќа пак,на улицата „Ристо Крле“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад. Нарушувањето е случено во 00.20 часот кога Н.С. од Струга ја пресретнал неговата поранешна сопруга, почнал да ја навредува со погрдни зборови по што со рака повеќе пати ја удрил во пределот на главата и ја влечел за коса.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани