Синоќа осомничениот е лишен од слобода.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека, по преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид.
-Во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, изјави портпаролот Димоски.Додава дека на местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.
Инаку,вчера во 16 часот и 37 минути, во полициската станица Охрид добиено било телефонско известување за казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти.
