Полицијата, со лампиони ќе ги дочека гостите во Охрид

Охридската полиција, традиционално и оваа година со лампиони ќе ги дочека туристите што Новата година ќе ја дочекаат во Охрид.

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, утре, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони и миризливи стикери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, ќе им ја честита Новата 2018 година. – На овој начин, на сите граѓани ќе им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува.Воедно, потсетуваме дека во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот а граѓаните и туриститете да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид. Истовремено, укажуваме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид и претседател на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот .
Предвидено е, оваа превентивна активност да се реализира утре, 31.12.2017 година (недела) во 12 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ наспроти бензиската на „Лук оил“ во Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани