Четириесеттина охриѓани беа дел од првата трка со Дедомразовци што денес се одржа во Охрид. Многу музика, забава, награди и пакетчиња на градскиот плоштад .
Најбрзиот Дедомраз беше награден од општината со таблет компјутер.
-„Пред се` сакам да го поздравам овој убав настан што се одржува во нашиот град. Јас имам 18 гдини тука сум пријавен по иницијатива на мојата мајка. Сакам да ги поздравам општината и град Охрид овој настан да продолжи“, вели победникот на трката.
Утре на градскиот плоштад масовен дочек на Новата година со Даниел Кајмакоски, втора вечер Бени Шаќири, а третата Суперхикс,. Кулминација се очекува на Божиќ – концертот на црногорскиот шармер Сергеј Четковиќ.
– „Во овој краток временски период успеавме да креираме една програма со која што од една страна ќе понудиме квалитетни содржини за гостите во нашиот град и за охриѓани а од друга страна да ги задоволиме барањата на угостителите да не носиме реномирани ѕвезди за и тие да осварат повисоки приходи„, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
Во Охрид деновиве се бара место повеќе. Потполно се букирани и хотелските капацитети и приватното сместување.
ФОТОГРАФИИ:
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
