Тим од четири полициски службеници, утрово спречи обид за самоубиство во Охрид.
Полицајците успеаа да ја спасат 40 годишната охриѓанка, која се обиде да се самоубие скокајќи од петти спрат од зграда.
Драмата се одвивала на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Абас Емин“ во Охрид, во 10 часот и 55 минути . Тогаш еден жител на Охрид ја забележал жената на кровот на зградата и веднаш пријавил во полиција.
-Акцијата траеше околу еден час По добивањето на информацијата,, полицијата изврши обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени беа мерки за спречување на обидот за самоубиство. Најнапред во разговори на двајца полициски службеници со лицето кое беше на петтиот спрат и истовремено, внимателно пристапување на други двајца полициски службеници до местото односно до ивицата на петтиот кат, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Проценувајќи погоден момент, полицајците мошне брзо го совладаа растојанието до жената и енергично ја оттргнаа од ивицата на неоградената тераса на петтиот кат.
Жената била безбедно спуштена на приземјето од зградата и е предадена на екипа на Итната медицинска помош од Охрид.
Канал 5 дознава дека се работи за разведена жена, мајка на едно полнолетно дете. Поранешна наркозависничка, но успешно излекувана по долги третмани. Семејните проблеми и недоразбирање биле главна причина да биде очајна и разочарана, затоа се обидела да си го одземе животот .