Денес беше остварена средба помеѓу кандидатите за градоначалници на престојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори. Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори.
Со овој чин тие обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера. Социјалдемократскиот Сојуз веќе покажа на парламентарните избори дека цврсто стои зад демократските процеси, и во таа насока, и во согласност нашите социјалдемократски вредности се заложуваме овие локални избори да бидат празник на демократијата. Создаваме општина за сите, носиме живот за сите, инфрмираат од ОО на СДСМ Охрид.