Вмро Дпмне традиционално изборната кампања ја започнува од Охрид.
Утре вечер 25 септември 2017 г. (понеделник) со почеток во 19:00 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи Голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Традиционално од Охрид со слоганот „Новата ера почнува“ започнува кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.
Почетокот на партискиот собир е најавен за 19 часот, а на истиот е предвидено да се обрати лидерот на партијата г. Никола Груевски, носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков и кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Митко Тилевски.