Политички преписки за градежните зафати среде сезона

Продолжуваат политичките препукувања. СДСМ кја обвини локалната за градежните работи среде сезона, општината им возврати.

 

Во целост политичките преписки:

-Во сред летна сезона на Никола Бакрачески и ДПМНЕ им текна дека се ближат локалните избори, па ја пуштија механизацијата на терен да ја замајува јавноста дека нешто се работи. Оваа локална самоуправа позната по бекатон плочките апсолутно ништо не работи и тоа на охриѓани им е повеќе од јасно. Доволно е само да се прошета низ градот на неколку локации за да се добие потврда за незаинтересираноста на оваа локална самоуправа за сопствените граѓани.
А граѓаните паметат, паметат што е ветено, и гледаат што од тоа не се остварило. Бакрачески и ДПМНЕ на последните локални избори ветуваа брз развој на општината нели потпомогната од цврстата рака на вечниот лидер Груевски, реализација на капитални инвестиции што ќе им значеле на охриѓани. Арно ама, еве не четири и кусур години подоцна, нема ниту еден реализиран капитален проект.
Нема затворен пливачки базен, нема нова автобуска станица, нема затворен зелен пазар, нема дом за стари лица. Ставија господата од ДПМНЕ по некоја тула во обид да ги излажат граѓаните, ама велат, една слика вреди илјада зборови, а од ветувањата на ДПМНЕ не се гледа ништо. И не само што Охрид не виде аир од долгата рака на ВМРО туку ја почувствува со сета сила нивната забеганост, расипаност, нивните тендер политики и од централата и од локалната власт. Наместо автобуска станица, охриѓани добија бетонско чудовиште на Плаошник, наместо канализациони мрежи во населените места, Охрид доби бекатон патеки кои не водат никаде, наместо затворен базен, затворен пазар, дом за стари, Охрид доби предупредувања за бришење од листата на природни и културни богатства на УНЕСКО, најголем број на иселени млади од земјава, апсолутно никаква иднина.
И не почитувани, четири години не им беа малку за да направат нешто што ќе остане како трајно добро за охриѓани, впрочем сите наводни активности за реализација на нивните капитални проекти ги направија во последната година од мандатот, веројатно свесни дека никогаш нема да ги реализираат. Најголем приоритет на ДПМНЕ му беа тендерите, а не потребите на граѓаните, затоа од проектите нема ништо. По 15ти октомври, Охрид ќе добие нова, одговорна локална самоуправа предводена од СДСМ која ќе покаже како навистина се сака Охрид, не со бекатон патеки и кружни текови туку, со реални проекти, со задржување на младите, со нудење подобра иднина, стои во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.

-Господа од СДСМ Охрид, дефинитивно и доколку доктор ви препорача поголема диоптрија вие повторно нема да видите ништо. Заслепени од преголемата желба за власт никако неможете да ја видите и почуствувате вистинската битка за подобар живот за граѓаните на Охрид, која оваа Локална самоуправа секојдневно ја води во изминативе нешто повеќе од четири години. Точно е дека граќаните знаат и паметат и што е најважно незабораваат кој го уништи Охрид.
Терминот – Локална самоуправа позната по бехатон плочки, кој е силно врежан во вашата меморија како термин кој доследно ја отсликува Локалната самоуправа која вие ја предводевте. Граѓаните незабораваат дека бехатон плочки поставувате еднаш или ниеднаш, најчесто неадекватни за просторот каде се поставуваат, а за истите повеќекратно плаќавте фактури и ситуации. И така некако успеавте Охрид да го направите најзадолжен град можеби и во светски рамки.
Џабе се обидувате континуирано да ја замајувате македонската јавност со генезата на долговите. Уште еднаш јавно ви кажуваме дека Охрид се задолжил и тие долгови достигнале највисоки цифри во времето кога СДСМ осум години владееше со Охрид. Ние денес со гордо крената глава горе може да Ви кажеме дека за време на нашиот мандат вративме сума нешто повисока од 13 000 000 (тринаесет милиони) евра, долгови кои се ваши и само ваши, а притоа сите обврски кон економските оператори кои работеле со Општина Охрид во изминатиот четири годишен период се подмирени.
Значи почитувани господа од СДСМ Охрид, ние со нашето работење воопшто не сме ја задолжиле Општина Охрид, а вративме цели 13 000 000 (тринаесет милиони) евра од вашите долгови кои ги оставивте на Охрид. Тоа е факт од кој никогаш и никако не можете да избегате.
Освен малкумина во вашата партија кои се заслепени од сопствената безидејност, немоќ и љубомора затоа што тие не направија ништо за Охрид, сите други граѓани на Охрид ги гледаат делата на оваа Локална самоуправа и ги чувствуваат придобивките од илјадниците метри асфалтирани улици, изградба на водоводни и канализациони мрежи, уредени тротоари, инвестиции во спортот, културата, социјалата, образованието, промоција на Охрид во светски значајни центри и метрополи и многу други активности кои ги отсликуваат потребите на граѓаните на Охрид.
Во однос на капиталните проекти за разлика од вас кои секоја година од вашиот мандат на Охрид му ветувавте затворен зелен пазар или пак ја срушивте автобуската станица во центарот на Охрид и ја заменивте со згради, во наше време во Охрид се градат и современ пазар и современа автобуска станица. Наскоро започнува изградбата и на старечкиот дом. Делата не разликуваат нас од вас.
Ако се сублимираат сите резултати од работењето на оваа Локална самоуправа во изминатите четири години, недвојбено е мислењето дека таа за четири години направила повеќе отколку сите претходни локални самоуправи во периодот на независна Македонија заедно.
И за крај сакаме отворено да ве прашаме:
– Дали вие давате налог на охридската полиција, која е предводена од кадри на СДСМ, со сите сили да ги опструира проектите кои Локалната самоуправа ги има отпочнато, а се во интерес на граѓаните со цел истите да не се завршат?, стои во реакцијата на општина Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани