Популацијата на лебеди во Охридското езеро се намалува

 

Популацијата на црвеноклуниот лебед  во Охридското езеро се намалува, сметаат експертите, кои воедно тврдат дека недоволно се води грижа за оваа раскошна птица. 

 

-„Да бидиме искрени ни малку не се води грижа за ова многу убава птица која го краси Охридското езеро и Охрид. Не се водело и не се води никаква грижа за нивниот опстанок барем до сега. Пред многу години наназад на надлежните од ова проблематика им  се понудив да  направам програма за одгледување, заштита и размножување, но наидов како на никого да не сум  кажал.
Лебедот е заштитен и според законот за ловство и поради тоа би трбало подобро да се однесуваме кон овај благодет.
Сметам дека популацијата на црвеноклуниод лебед во Охридско е намалена. Ова многу убава крупа птица која случајно или не дошла на Охридското езеро, да не дозвилиме да го напушти престојот во Охрид. Со секој уништен лебед се намалува убавината на Охрид“, вели Ристо Климовски дипломиран шумарски инжинер. 


Орнитолошките податоци укажуваат дека лебедите се одлични летачи. Стпоред некои податоци лебедите можат да прелетаат дури и до 600 километри,а додека во поново време е констатирано дека лебедите мошат да прелаат дури и до 800 километри.
Лебедите спаѓаат во класата на птици(АВЕС). Иако птиците се познати рбетници, мошне е тешко се објаснува историјата на нивната еволуција. 

Црвеноклуниод лебед на Охридското езеро се одомаќини зимата 1978год. кога  за прв пат презимуваа три пара на лебеди.

-„Немиот или Црвеноклуниод лебед кој го има на Охридското езеро, распространет е и во Англија, Ирска, Јужна Шветска, Гернанија, Данскка, Русија на Каспиското езеро и на устијата на реките кои се вливаат во Црно море.Вообичаено живее по плитките води богати со водени растенија и доста патува. Се храни со водени растенија, риби, водени инсекти, црволики животни и др. Лебедите своите гнезда ги прват на северните подрачја на Европа и Азија, а постудените месеци ги поминуваат во потоплите јужни краишта. посебна какактеристика на овие крупни птици е нивната брачна верност до крајот на животот. Мажјакот секогаш е во близитата на својата партнерка штитејќи ја од опасности и непријатели“, појаснува Климоски. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани