Поради мерка „апси“, приведен албански државјанин

На граничниот премин „Ќафасан“, приведен е албански државјанин за кој имало мерка „апси“. Полицајците кога го виделе тоа при контрола, го привеле албанскиот државјанин.

Според полициското соопштение, пред два дена, во 15.31 часот на Граничен премин „Ќафасан“, за излез од Република Македонија се пријавил  K.С. (55) од Република Албанија.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека од извршените проверки било констатирано дека K.С. се наоѓа на листа за потраги со мерка „Апси“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, поради што требало да се спроведе до затворот Скопје. Албанскиот државјанин K.С. бил лишен од слобода и во 16.30 часот, бил предаден на полициски службеници од ПС Струга за понатамошна постапка. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани