Од денеска, избирачкиот список е ставен на јавен увид.
Граѓаните ќе може да проверат дали ги има на списокот, со што им е загарантирано правото на гласање ДИК. На вчерашната седница, ДИК донесе заклучок дека 11.346 лица се надвор од избирачкиот список по неколку основи, односно дека 7.107 лица немаат живеалиште, починале 1.388 лица, одземена деловна способност на 284 лица и слично. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа. Избирачкиот список моментално брои 1.816.127 гласачи. Увидот ќе трае до деветти септември во подрачните општински единици на ДИК, а на интернет е достапен од вчера.Увидот во Избирачкиот список за одржување на локалните избори на 15 октомври годинава ќе трае до 9 септември.