Полов напад врз девет годишно момче во Охрид

Нов грозоморен чин на полов напад врз младо момче во Охрид.

Охридската полицијата,од лекар во медицински центар Oхрид била известена дека кај нив било донесено деветгодишно момче од Oхрид, врз кое бил извршен полов напад.Во 18 часот и 20 минути во полициска станица Oхрид, мајката на детето пријавила дека на 18.08.2017 година во периодот меѓу 17.00 до 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот малолетен син бил злоставуван од двајца негови другари на возраст од 12 и 10 години. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека за настанот биле запознаени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Охрид и дека СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Инаку, во 2015 година во Охрид беше откриен случај на силување на девет годишен малолетник од страна на 25 годишен охриѓанец. 25-годишниот И.И. од Охрид доби кривина пријава и притвор во траење од триесет дена бидејќи злоставил малолетник, негов сограѓанин. Во почетокот на ноември 2014 година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил „Kikolo giko“ по што набрзо се воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат.Тука И.И. се обидел со убави зборови да го одоброволи малолетникот на орален чин, а потоа му упатил заканителни зборови и го приморал тоа да го стори. По кратко време, на ист начин И.И. извршил полово дејствие врз оштетеното малолетно лице. Со ветување дека ќе му даде мобилен телефон, И.И. остварил уште неколку исти средби со малолетното лице.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани