„Последниот Македонец – патот до истребување“ премиерно на МТВ

Документарниот филм од охридскиот режисер Пиперкоски „Последниот Македонец – патот до истребување“, денеска (недела) ќе има ТВ премиера.

Филмскиот документарец „Последниот Македонец – патот до истребување“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, во недела ќе ја има својата ТВ премиера. Филмот ќе се прикажува на 4-ти март во 21 часот и 15 минути на Македонската телевизија.Улогите во филмот ги играат Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Лјутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли.
За историчарите она што се случило во 1913-та година е свршен факт. Заговор против постоењето на тогашна Македонија како самостојна држава и покрај надежите дека таа би можела да добие независност и пред Албанија; земја која според своите етно- граници не била помала ниту од Грција ниту од Србија. Но, одлуката донесена во Букурешт со помош на Големите сили ја распарчува и како територија и како народ. Тие последици ќе останат и еден век потоа. Како независна држава создадена многу подоцна по Букурешт, Македонија се соочува со проблемот на: името, идентитетот, црквата, интеграциите.
Она што се случувало во 1913-та година има влијание и денеска. Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот договор, но, и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто братоубиството заради сојузништвото со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија? Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија? „Последниот Македонец- Патот до истребувањe“ дава многу одговори, но и наметнува дилеми кои инспирирани од содржината би можеле да се дискутираат во научните кругови на Балканот помеѓу балканските политичари, па и пошироко.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани