Секоја нова влада најавува нови стратегии и реформи во образованието, без систематична проценка на ефектите од немањето континуитет во стратегиите и резултатите од претходните реформи.Наместо унапредување квалитетот на образовниот процес опаѓа.
Актуелната влада предлага сеопфатна ревизија на Концепцијата за основното образование за подобрување на наставните програми и обезбедување применливо знаење за потребите на пазарот, но како влијаат честите промени во наставната програма врз учениците и наставничкиот кадар….
Новата влада најавува подобрување на квалитетот на образованието
Од министерството за образование велат, наскоро ќе подготват документ – определба, декларација или можеби со друг назив, но со јасно дефинирани цели и насоки за остварување на целите поврзани со квалитетот на образованието на долг рок.
-Документот ќе биде понуден на сите политички субјекти во државата, односно преку Собранието ќе се бара постигнување на национален консензус за генералните образовни политики, од кои понатаму нема да може да отстапува ниту еден министер и да спроведува „свои“ реформи, велат од МОН.
Во меѓувреме ќе се направи ревизија на постојната Стратегија за образование и анализа на досега реализираните активности и остварени цели.
– Имајќи предвид дека истата има важност за периодот 2018-2025 година, новата стратегија ќе биде изготвена следната година и со важност од 2026. Фокусот ќе бидат квалитетни наставни програми и учебници за основците и средношколците, подобрување на образовната инфраструктура и опременоста на училиштата, дигитализацијата, инклузијата, јакнење на капацитетите на високообразовните установи и поголема поддршка за нив и за научно – истражувачката дејност и така натаму. За остварување на целите, се планира етапно зголемување на буџетот за образование во следните 4 години и тоа од 3,4% на 5% од БДП, додека за наука од постојните 0,3 проценти на 1%, додаваат од МОН.
Владата најавува зголемување на буџетските средства за образованието од 3,4 % на 5 % од бруто домашниот производ, иако не се знае на што ќе се трошат парите – за исплата на плати на образовниот кадар или за суштински реформи и инвестиции во изградба, реновирање и осовременување на образованите институции..
Земјава со најниски резултати на ПИСА тестирањата, квалитетот на образование опаѓа
Постојано нови стратегии, реформи, но квалитетот на образование опаѓа. Исходот од постојната Стратегија за образование е ученички генерации со најниски резултати на ПИСА тестирањата, информираат од МОН.
Образованието го менува животот на сите луѓе низ светот, отворајќи можности и потенцијали за развој и промена. Но, иако е важно, едноставното праќање на децата во училиште не е доволно. На децата им треба квалитетно образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат шансите да станат среќни, здрави, успешни и корисни членови на општеството. На децата им треба квалитетно образование што ќе им помогне да се развијат во учтиви, самоуверени, критични и добро интегрирани суштества во оштеството. Најмногу од сè, на децата им треба квалитетно образование што ќе биде лесно пристапно за сите.
-Меѓутоа, меѓународните оценувања како ПИСА, ПИРЛС и ТИМСС со кои се оценуваат образовните системи покажуваат дека земјата не ја исполнува обврската да обезбеди квалитетно образование за сите деца. Всушност, резултатите на последните оценувања не само што се слаби, туку и покажуваат дека квалитетот на образованието опаѓа, велат од УНИЦЕФ.
Северна Македонија се соочува со криза во учењето, а постигнувањата на учениците се под просекот на учениците од Западен Балкан, ЕУ и ОЕЦД. Соседните земји постигнале подобри резултати од учењето со малку повисоки нивоа на расходи за образованието. Длабоките демографски промени, вклучително и опаѓањето на стапката на наталитет, миграцијата и зголемената урбанизација, без поголеми прилагодувања на мрежата на основни училишта, резултираше со тоа некои училишта да имаат недоволно искористен простор и наставен кадар. Од друга страна, други училишта се преполнети и немаат доволно наставници и затоа мораат да организираат настава во две или три смени – што веројатно влијае на постигнувањата на учениците.
-Ваквите промени доведуваат до неефикасна и неправична распределба на ресурсите. Во моментов, 87% од расходите за основно образование се трошат за плати за вработените во училиштата, поради што нема доволно средства за капитални инвестиции, обнова и одржување на објектите во добра состојба, како и инвестиции во професионалниот развој на кадарот. Сето ова се случува во контекст на намалување на севкупните буџетски расходи за образование како процент од БДП и од буџетските расходи. Овој документ нуди докази и препораки за политики за итно подобрување на ефективноста и ефикасноста на мрежата на основни училишта, истовремено обезбедувајќи правичен пристап до училиште, покажа анализата на УНИЦЕФ во 2022 година.
Сите меѓународни и домашни истражувања покажуваат послаби резултати, се согласуваат професорите.
-Концептот за државна матура остана ист единствено реформи имаше во стручните училишта во поглед на дуалното образование. Измени треба во наставните планови во однос на фондот на часови, и најважно да се направи ревизија на наставните програми каде има големи пропусти, грешки. Комисија за проверка на учевниците и да направи комплетна проверка на сите учебници и содржини. Веќе е најавено што псокоро да заврши таа процедура, вели професорот Перчо Божиноски.
Резултатите на ПИСА тестирањата покажуваат дека македонските ученици се на 71-то место од вкупно 81 држава учесничка при мерењето на јазичната писменост, на 61-то место според резултатите по математика и на 68-то место во тестирањето по природни науки.
Потребна е ревизија на наставните програми
Потребна е итна ревизија на наставните прогрми, бидејќи изминативе години беа констатирани голем број грешки, содржини кои се некомпетенти за возраста Најголем број поплаки имаше за предметите историја и македонски јазик.
-Секако дека треба да има ревизија посебно за модуларните предмети Новата концепција е дадена рамка според Европските стандарди и секако треба период за да се видат резултатите од нејзината бидејки во одделенска настава вејке функционира имплементација. Тајмингот на стопиранје на програмите за седмо одд според мене задоцнета мозеби поради промената на власта, но обуките вејке беа отпочнати. Ако се стопира требаше да се стопира нова концепција во целост во предметна настава па да се ревидира,а не вака да остане само во шесто одд. мој став,а останатите год.во предметна настава по стара програма, вели Марјан Бошалески од Бирото за развој на образованието.
Гимназиското образование не е реформирано две децении.
-Потребни се реформи во наставните планови и програми. Гимназиското образование не е реформирано 20 години. Со сручното оразование е отпочната постапка таму на реформи но не целосно.Потребно е обезбедување на повеќе надгледни срдства, осовременување на настават, да се стави акцент на критичко размислување. Слабо сме рангирани од ПИСА, на Шангајската листа на универзитетите немаме ниту еден универзитет во првите 1000. Сето тоа е доказ дека треба да отпочнат промени во образовниот процес. Тргнувајќи од учебници, помагала, додава професорот по македонски јазик Перчо Божиноски.
Од прво до шесто учениците учат по нова коцепција, а од седмо по стара. Програмите беа изработени и за од седмо до деветто одделение. Потребни се Комисии кои навреме ке донесат одлука дали е потребно да се стопира концепцијата од шесто во предметна настава или да биде пуштена од шесто до деветто. Вака има вакум период и не знаеме какви ќе бидат резултатите.
Министерката за образование вели учениците оваа учебна година ќе имаат учебници, а преку јавна расправа ќе се ревидира наставната програма од 1 до 9 то одделение.
– Има реакции и на наставници и на родители, значи оваа година ги ставивме на јавна расправа наставните планови и пrограми за 7 и 8 одделение. И таа јавна расправа е се уште отворена кога ќе заврши ќе ја ставиме на јавна расправа и програмата за 9 то одделние ќе се вратиме на 6то за да го заокружиме овој циклус од 6 до 9 то а потоа и од 1 до 5 то оти има незадоволство од квалитетот на учебниците, и од содржините, но тоа е процес кој не може да се направи за два до три месеци, потребно е време, вели Јаневска.
Дополнително се прават анализи и за затворање на училиштата со мал број ученици во руралните средини. Оваа учебна година нема да биде затворено ниту едно училиште во руралните средини каде има мал број на ученици, се прават анализи за оние училишта кои се во близина на градовите децата да се приклучат во централните училишта. Целта е подобра настава за децата од рураните средини, а од друга страна и пренамена на празните училишни објекти за потребите на општините.
– „До први септември ниту едно училиште нема да биде затворено во руралните средини. Во 10 општини тој процес е веќе затворен сега почнуваме работа на други 20 општини, но се контактира со локалната самоушрава, со директорите, се прави анализа. Значи зборуваме за оние училишта кои се блиску до централното на 2 , 3 или 5 км. а имаат само по неколку дечиња кои де факто се изолирани во руралните средини. приближувањето на тие деца во централните училишта ќе придонесе подобра социјализација, дружење со другарчињата, следење на еден поинаков тип на настава не само комбиниран, повеќе нагледни срдства. така да сметаме дека тоа ќе биде во голема корист на учениците и државата. тие училишта ќе може да се користат за градинка за било што и е потребно на општината“, додава Јаневска.
Општините кубурат со пари, потребни се повеќе финансии за унапредување на образовниот процес
Потребна е и поголема помош за создавање на подобри услови во училиштата согласно потребите на општините. Потребни се почести состаноци Имаме потреба од современи нагледни средства, модерни компјутери денешните деца се многу понапредни и сегашната технологија која ја имаме недоволно ги прати, вели Димитар Спасески раководител на секторот за образование при општина Охрид.
-Ние презедовме низа мерки за мотивирање на учениците и наставниците а со тоа и подобрување на квалитетот на образовниот процес. Воведовме наградување на учениците и менторите а тоа даде резултати. Го поттикнуваме и наградуваме успехот на учениците на државни и регионални натпревари. Организираме и различни манифестации со што го стимулираме процесот на работа на училишните секции. Тоа би можело да биде пилот проект кој и на државно б ниво да се искористи како добар пример.Скоро и да нема државен натпревар каде наш ученик не се вратил со награда прво, второ или трето место. Државата треба да размислува и во тој правец за наградување и наставниците и учениците а со тоа да ги мотивира повеќе да учат, вели Спасески.
Во рамките на средното економско училиште се уште сметководството се води како што било некогаш. Во тоа училиште имаме потреба од набавка на софтвер со кој што сите фирми денес работат и децата би обавувале пракца.
-Модлеот за успех е работа и само работа нема волшебно стапче треба да се научиме да се слушаме едни со други да ги антиципираме потребите на децата на учениците и нивните родители. Реално досега процесот на образование беше оставеен на желбата и ентузијазмот колку родителот ќе се псовети во овој процес Моја желба би била доколку министерството изнајде начин и можност за комплетното учење на децата да се одвива во рамките на образовните институции. Така ќе сме најсигурни дека децата добиваат квалитетна и стручна настава и ќе го намалиме субјективизмот кој кај нас како рдоители владее, вели Спасески.
Општината нема доволно финанскиски средства.
-Ние од општинскиот буџет и со помош на донации од граѓани и родители постојано работиме на набавка на нагедни средства постои желба кај локалната самоуправа и фокусот ни е во образованието, но по редот на нештата и законската регулатива би требало дотациите да ги овозможуваат сите тие можнсоти и општината да нема потреба да интервенира со свои средства во овој дел. За жал во рамките на основното образование ни недостигаат финансиски средтва во рамки на лок дотациите и тука мораме да интервенираме со општински средтсва за нормално да се одвива учебната година анемаме можност да размислуваме за инвестиции. Така да во тој дел треба да се размисли или некој од даноците кои тшо ги плаќаат граѓаните со процесот на децентрализација да се наменува диркено за образование или да се зголемат самите блоки дотации бидејќи имаме потреба од сериозна државна стратегија за градење на образовни иснтитуции, вели Спасески.
Се прават напори за подобрување на условите во училиштата.
Инаку ние досега не сме се помириле со тоа дека ни недостигаат средства па сега нема ништо да работиме прв пат во 30 години градиме ново училиште тоа е од буџетот на МОН меѓутоа со комплетно изработен проект од страна на општина Охрид, планираме да инвестираме во рамки на основното училиште „Григор Прличев“ каде очекуѕваме изградба на комплетно ново училиште и секако гиманзијата имаме скоро подготвен проект при што ќе аплицираме на еден од следните повици од владата и заедно ќе ја подобруваме инфраструктурата. Меѓутоа за да не губиме време години овие процеси неопходно е да одат со поддршка од државата бидејки таа може да помогне за капиталните инвестиции да одат полесно. Затоа што ние како општина за да инвестираме би ни биле потребни неколку буџетски години да ги истераме тие инвестиции, појаснува раководителот на Секторот за образование.
Во едно средно и пет основни училишта во Охрид започна едносменска настава
Во едно средно и во пет основни училишта во Охрид започнува едносменска настава, во земјава 124 школи се подготвени за воведување на истата. Во меѓувреме се прават анализи со доградба на училници да може да се воведе во уште 50 тина училишта.
-Имаме успешен почеток, позитивно наиде и кај учениците, и кај родителите и кај наставниците. Поефектиен е процесот на настава, повеќе време за одмор имаат учениците,Наставата се одвива од 08 до 16ч. Одморот е подлг половина час пауза за храна. Кабинетска настава имаме секој рпофесор има часови во кабинетот каде што има повеќе нагледни средтсва вели професорот Перчо Божиноски од охридската гимназија.
Според надлежните, овој вид на настава има повеќе бенефити, учениците се пофункционални во претпладневните часови, повеќе време за семемен живот, но и заштеда на енергија и ресурси во образовните институции.
-Учениците секогаш се пофункционални во оние утрински часови, сите оние работни задачи полесно може да ги завршат за разлика од оние доцни часови, седми или осми час кога се случува да биде во 20ч. Во однос на ангажираноста но и во однос на онаа работа со продолжениот престој. 0602 Самиот начин на функционирање значи и заштеда на ресурсите на енергетските, вели Перчо Божиноски претседател на Совет на општина Охрид.
Новиот концепт настава во една смена подразбира осум часа во училиште, следење настава, подучување, завршување на домашни обврски и дополнителни наставни активности. Развојно во следните неколку години ќе се прилагодуваат сите училишта за настава во една смена.
Како до поквалитетно образование
Подобрувањето на образовниот процес е комплексен предизвик кој бара повеќе мерки и интегриран пристап. Потребна е модернизација на наставните програми.Наставните програми треба редовно да се ревидираат и ажурираат за да одговараат на потребите на современото општество. Интердисциплинарен пристап: Интеграција на предмети како наука, технологија, инженерство и математика (STEM) со хуманистички и уметнички предмети, за да се развие поцеловито знаење.Потребно е и подобрување на компетенциите на наставниците.
-Континуирана професионална обука: Наставниците треба редовно да добиваат можности за усовршување преку семинари, обуки, и студиски програми кои ќе ги подобрат нивните методи на предавање и користењето на новите технологии. Мотивација и стимулирање: Наставниците треба да се мотивираат преку повисоки плати, подобри работни услови и можности за напредување во кариерата. Ова ќе ја зголеми нивната посветеност и ефективност во наставата, вели Виолета Петкоска наставник по оделенска настава.
Мора да се работи и на дигитализација и технологија.Интеграција на технологија во наставата: Зголемување на употребата на дигитални алатки и платформи за учење. Тоа може да овозможи подобра интеракција и персонализирано учење преку е-учебници, интерактивни апликации и видео предавања. Опремување на училиштата: Обезбедување на сите училишта со квалитетна технолошка инфраструктура, вклучувајќи компјутери, таблети, брз интернет и дигитални табли.
Треба подобрување на училишната инфраструктура.
-Реконструкција и модернизација на училишните објекти: Потребни се удобни, чисти и безбедни училишни простории, како и обезбедување на лаборатории, спортски сали, и други соодветни капацитети кои ќе овозможат квалитетно учење.Енергетски ефикасни и одржливи училишта:. Воведување на програми за креативност и критичко размислување: Овие програми треба да го поттикнат истражувањето, експериментирањето, и тимската работа, преку проекти, дебати и истражувачки активности. Иновации во оценувањето: Оценувањето треба да биде повеќе фокусирано на процесот и развојот на учениците, отколку на чистиот резултат, додава Петкоска.
Европската комисија нотира низа забелешки за образованието во земјава
Во наредната година во областа образование остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај на Европската комисија. Земјава треба особено да се фокусира на финализирање и усвојување на законите за средно образование и за стручно образование и обука, на формирање и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука (ВЕТ-центри) и на донесување на Законот за образование на возрасни.
Во клучните препораки за образованието наведени во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година се укажува и дека треба да се подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и децата Роми, да се зголеми уписот во предучилишна возраст и да се подобри поддршката за обука и професионален развој на наставниците.
-Северна Македонија е умерено подготвена во областа на образованието. Ограничен напредок e постигнат со усвојувањето и воведувањето насоки и програми за зајакнување на инклузивноста и промовирање на зелените вештини, се наведува во поглавјето за образованието.
ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на клучните закони и дека и натаму е бавна имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 и развивањето соодветен систем за следење. За Стратегијата нагласува дека е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но дека нејзините механизми за следење не се добро дефинирани.
Со овој текст, Охрид Нет се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.