На фудбалскиот терен со вештачка трева при Ј.П. Билјанини Извори – Охрид околу 500 деца од охридските фудбалски школи со многу забава и смеа го отворија Третото издание од фудбалскиот фестивал „Охридски Фудбалски Надежи“ кој ќе се одржи во два дела. На настанот за прв пат учествуваа и децата со посебни образовни потреби.
Овој настан е под покровителство на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, а во организација на Сојуз за училишен спорт-Охрид потпомогнати од ОФС ОХРИД.