Во водите на Охридско Езеро, во близина на автокамп на охридското крајбрежје, синоќа е повреден 31-годишен жител на Струга при риболов со харпун.
Според информациите од полицијата, на 18 јуни во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ било пријавено дека И.М. (31) од Струга, при риболов со харпун, сам се повредил.
По преземени мерки, полициските службеници го пронашле повредениот, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде е задржан на понатамошно лекување.
По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
