Повторно гори струшката депонија

Од синоќа повторно гори  струшката  депонија, чад и неподнослива смрдеа повторно се шири низ градот. 

Надлежните не ги послушаа нашите апели за итно набавување на големоволуменските прес контејнери и нивно итно ставање во употреба. Секој изминат ден количеството на новоодложен отпад на дивата струшка депонија се зголемува а со тоа пропорционално се зголемува и опасноста од нејзино спалување.

 

Го упатуваме следниот апел:

1. Бараме под итно некој од надлежните (Општина Струга или Влада на Р.М. да ни достави информација околу тоа до каде е постапката за набавка на прес контејнерите.
2. Доколку сеуште не е започната постапката за набавка на прес контејнерите БАРАМЕ ПОД ИТНО нивна набавка и ПОД ИТНО нивно ставање во употреба.
Во текот на утрешниот ден од наша страна ќе биде поднесен писмен поднесок до Општина Струга и Влада на Р.М. со горенаведените барања.

-Доколку Владата и Општината немаат доволно човечки капацитет за спроведување на одлуката за итна помош на Општина Струга за справување со депонијата и набавка на големоволуменски прес контејнери тогаш предлагам претставници на Граѓанска иницијатива Доста да бидат овластени од страна на надлежните со цел спроведување на одлуката на Владата на Р.М. за справување со дивата струшка депонија и набавка на големоволуменски контејнери, рече Глигор Ќато од невладината „Доста“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани