Пожар кај село Делогожда во непристапен терен

Ангажирана и воздухопловна поддршка за гаснење на пожарот кај село Делогожда, што од депонија помина во борова шума
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека во атарот на с.Делогожда (Општина Струга) на депонијата е избувнат пожар, при што е зафатена и блиска борова шума. Моментно се присутни 2 ПП возила и 4 пожарникари и 6 вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Јабланица“ од Струга.
Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка и во моментот на информирање, воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица на МВР, за гаснење на опасниот пожар е на пат.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани