Пожар уништи ниви кај Требеништа и Мешеишта

Вчера голем пожар ги зафати нивите околу Требеништа и Мешеишта.

На 20.09.2018 година во 11.00 часот, од засега неутврдени причини, во месноста „Брестој“ помеѓу селата Требеништа и Мешеишта-општина Дебарца, избувнал пожар и ги зафатил околните ниви, стрништа и овоштарници. За кратко време, пожарот се проширил во радиус од околу два километри и предизвикал голема материјална штета.
-По преземени мерки, територијалната против-пожарна единица околу 16 часот го локализира а потоа и целосно го изгасна пожарот.По консултација со Јавен обвинител, на местото на настанот СВР Охрид изврши увид и фотографирање на опожареното подрачје, информита Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани