Пожарот се случил во собата каде бил 81 годишниот сопственик.
Вчера во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.
– При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата каде бил пронајден А.К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.