Се соопштува јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид, плански период 2019-2024 со тех. бр. 060/11/18 од јануари 2022 год. изработен од ДППИ „ТАЈФА ПЛАН“ доо Скопје.
Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 15, УБ 15.7, општина Охрид е со површина од 25.10 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
север – граница на опфатот на ГУП на град Охрид (по катастарски парцели)
исток – магистрална улица со профил М4 – ул „15ти Корпус“,
југ – сервисна улица со профил СЕ 15.3 и
запад – собирна улица со профил С7 ул.„Петрино“.
Јавната анкета ќе трае од 11.03.2022 – 25.03.2022 год.
Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 18.03.2022 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.