Овој пат покуќнина заврши во водите на реката Грашница по нејзиното течение по ул.„Ариф Мустафа”.
Со ангажирање на специјална механизација кабастиот отпад е подигнат од речното корито.
Се интервенираше и кај мостот на р.Сушица, на пресекот со ул.„15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут.