Општина Охрид ја објави ранг-листата на ученици добитници на стипендии за учебната 2025/2026 година, по завршување на постапката за разгледување на пристигнатите апликации.
Стипендиите се доделуваат во повеќе категории, меѓу кои за талентирани ученици и ученици од социјално ранливи категории, согласно критериумите утврдени со јавниот повик.
По извршеното рангирање од страна на надлежната комисија, изготвената листа е доставена до градоначалникот на Општина Охрид за понатамошна постапка.
Учениците кои не се согласуваат со резултатите имаат право во рок од пет дена од објавувањето да поднесат приговор.
Целосната ранг-листа може да се погледне на официјалната веб-страница на Општина Охрид.
