Празнично вратите на музејските објекти во Охрид отворени без наплата на влезници. Голем број посетители се запознаа со богатото културно историско и национално наследство. Најголем интерес за музеите има кај странските туристи. Лани Куќата на Робевци ја посетиле 6000 странци, а само 1550 домашни гости.
Во охридската резиденција гостите имаат можност да прошетаат низ вековите, да го видат археолошкото наследство, а најголем интерес има за Златната соба.
„Златната посмртна маска откриена во 2002 година на локалитетот Горна Порта Охрид, таа е магнет за туристите, но секако поседува богата збирка со етнографска иа рхеолошка збирка. Спомен збирката за фамилијата Робевци и резбите од најпрочуените охридски мајстори од некогашната резбарска школа. Има многу што да се види и посетителите поблиску поинтимно да се запознаат со богата охридкса и македонска култура и традиција“. , вели Атанас Кипро археолог водич.
Забележителна посетеност има и во Охридската Галерија на икони, која покрај Синајската, Светогорската и Руската се смета за една од највредните и најзначајните колекции на икони во светот. Туристите се воодушевуваат.
-Бевме во музејот феноманлно е, не знам што од што е поубаво, историјата, охридската резбарска школа, значи неверојатно е.
-Прв пат сум овде, прекрасен музеј. Ми се допаѓа археологијата а стариот мебел е преубав.
-Фасцинирана сум од богатата македонската култура Се трудам да ја запознам вашата култура вие сте мала земја но само доколку се биде овде преку локалните жители може да се доживее културата.
Бесплатен влез има и во Галеријата на икони и Музејот на вода во Градиште. Лани на отворениот ден , Куќата на Робевци ја посетија рекордни 565 гости.
Новинар Соња Рилковска