Во Струга Прв меѓународен фестивал на ветераните

Во пресрет на големиот македонски празник 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, на 7 септември 2024 година, во центарот на Култуа „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа Првиот меѓународен фестивал „Смотра на Ветераните“ во организација на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“- Струга.

На фестивалот покрај другите учесници свој настап имаше и воозобновената пеачка и играорна група „Распеани Стружани“под раководство на Татјана Узуноска – Тренеска, кои настапија со изворни народни песни и игри, карактеристични за Струга и тоа: Ја излези либе лично, Фатисе Боје на оро и Излегла Ефда низ чаршија. Додека пак играорната група настапи со сплет народни ора – Билјана платно белеше.

Учесници на Првиот фестивал наречен „Смотра на Ветераните“ беа: „Распеани Стружани“ од Струга, како домаќини, КУД „Југославија“ од Ханбург, „Огрлица од Бисера“ од Белград, ЕГ „Српски соколови Козаре“ – Прејодор, КУД „Ѓердан Бисери“ од Охрид и КУД „Дејан Јовановиќ – Деша“од Тешице.

Фестивалот започна со дефиле на учесниците по кејот на реката Црн Дрим, кое дефиле го водеше домаќинот „Распеани Стружани“.

Текст и фото:  СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани