„Преродба“ најавува блокада на патот Охрид Свети Наум

Од здружението „Преродба“ најавуваат протести со блокади на патот Охрид Свети Наум.

-Поради непостапување по протестните барања на македонските граѓани- носители и бранители на државниот суверенитет, мирниот граѓански протест започнат на 09.07.2017 година од плоштадот “Св.Климент Охридски” во Охрид, го интензивираме и ќе продолжиме со пролонгираното блокирање на патот, Охрид – Св. Наум, Св.Наум – Охрид (кај Билјанини извори), на ден 16.07.2017 година (недела) од 11.00 – 12.00 часот, кој ќе продолжи и во наредните денови, по 1 час дневно, од 11.00 – 12.00 часот, сѐ до прифаќањето на протесните барања: 1.ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНАТ СИТЕ ДОГОВАРАЊА, ПРЕГОВАРАЊА, РЕШАВАЊА НА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ/ПРАШАЊА (ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ, ХИМНА, ЗНАМЕ, ГРБ, УНИТАРНОСТА, СУВЕРЕНОСТА), ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, НАТО, БИЛО КАКВИ РЕДЕФИНИРАЊА, ПАЗАРЕЊА ОД СТРАНА НА ВНАТРЕШНО-НАДВОРЕШНАТА ЗДРУЖЕНА НЕПРИНЦИПИЕЛНА КОАЛИЦИЈА за реализирање на нивниот јасно видлив ПЛАН. 2 . НЕЛЕГИТИМНО ИЗБРАНОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО, БЕЗ ЛЕГИТИМНА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА И ОД НИВ ИЗБРАНА ИСТО ТАКА НЕЛЕГИТИМНА ВЛАДА, ДА НЕ ДОНЕСУВА НИКАКВИ ПОЛИТИЧКИ ИЛИ КАКВИ БИЛО СУШТЕСТВЕНИ ОДЛУКИ (НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И НАЦИОНАЛНИТЕ И ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ)!, Истовремено, македонските граѓани и субјекти кои работат на заштита на граѓаните, националните и државните интереси и сочувувањето на македонската држава, суверена, независна, слободна, унитарна, а пред сѐ, Граѓанска влада на Р.Македонија, како највисоко граѓанско тело, како Совет и совест за заштита на граѓаните, на националните и државните интереси, ги прифаќаме како дел ( со своја согласност) од организациониот одбор на граѓанското движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет, но исто така и од Коалиционото единство со граѓаните-носители и бранители на државниот суверенитет, и врз таа основа мирните граѓански протести со протестните барања и со блокади ќе бидат интензивирани и ќе се шират на разни места, низ целата држава. ГИ ПОВИКУВАМЕ И АПЕЛИРАМЕ ДО ГРАГАНИТЕ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ И НА МИРЕН, ГРАГАНСКИ ДОСТОИНСТВЕН, ЦИВИЛИЗИРАН НАЧИН, ИСПОЛНУВАЈКИ ГО СВОЕТО ДЕМОКРАТСКО ПРАВО, ДА ГО ИЗРАЗАТ СВОЈОТ РЕВОЛТ ПРОТИВ НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ ПОЛИТИКИ И ПЛАНОТ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, КАКО И НЕПРИФАКАЊЕ НА СИТЕ ДЕЈСТВИЈА, ДОГОВОРИ И ОДЛУКИ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ГРАГАНИТЕ КОИ САКААТ СО СВОЕТО ПРИСУСТВО ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОТЕСТНИТЕ БАРАЊА, ДА ДОЈДАТ НА МЕСТОТО НА БЛОКАДАТА 10 МИНУТИ ПОРАНО, ВО 10.50 ЧАСОТ. ЗАЕДНО ПРОТИВ РАЗНЕБИТУВАЊЕТО! Секој граѓанин учесник во овие мирни, цивилизирани протести, кои се од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот мир и ред, информираат одд организаторите Здружение на граѓани “Преродба” Претседател Ана Бобинкова Мијаковска Движење за граѓанско-цивилизациски вредности Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани