Претставници на  Јапонската агенција JICA  во посета на Вевчани

Претставници на  Јапонската агенција JICA  во посета на Вевчани.

Денес имав чест да остварам работна средба со претставници на Јапонската национална владина агенција JICA – институција која работи исклучиво на проекти поврзани со одржлив развој, зелен туризам и еколошки практики во регионот на Западен Балкан.
Во разговорите ги претставив потенцијалите на Вевчани и нашата силна заложба за зачувување на природата, културното наследство и развој на туризмот на одржлив начин. Со гордост можам да споделам дека JICA ќе започне проект во нашата земја, со фокус на регионот Охрид – Струга – Вевчани – Дебрца, и дека Вевчани има потенцијал да биде дел од оваа важна иницијатива.
Преку оваа соработка гледаме можност за нови практики, знаења и решенија кои ќе придонесат за подобар живот на нашите граѓани и поквалитетни туристички производи.
Благодарност до JICA за довербата и интересот за нашиот крај.
Продолжуваме со работа – чекор по чекор, кон одржлива иднина за Вевчани,  вели градоначалникот Спасе Кочоски.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани