Прибе, денеска предаваше во Охрид

Правниот експерт Рајнхард Прибе денеска на Охридската школа за природно право имаше свое излагање во врска со владеењето на правото и европските интеграциски процеси.

Германскиот експерт поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ-Прибе, пред триесеттина магистранти и докторанти на правни и политички студии, учесници на школата, одржа предавање на тема „Демократијата, владеењето на правото и човековите слободи – Важноста на демократските вредности за државите кандидатки за членство во ЕУ“.
„Задоволство ми е што сум тука во Охрид, да учествувам на Школата за природно право и можноста да им пренесам на младите правници за европските интеграциски процеси и европските вредности што се предуслов за зачленување. Очекувам отворена дискусија со нив, се надевам дека ќе успеам на научна основа да им пренесам што значат европските интеграции“, истакна Рајнхард Прибе, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ.
Главни теми на Охридската школа на природното право се: проширување на знаењата низ заемно истражувачко искуство на студенти на втор и трет циклус на правни студии и нивните професори и ментори, во различни подрачја на правото низ интегралистички пристап, кој ги спојува: универзалните начела и стандарди на човековите права, водечките идеи и вредности на правото, вредностите на демократијата и владеењето на правото и правдата, позитивното право, примената на правото во практиката и правдата што со своите пресуди ја делат судовите во судската практика.
Охридската школа на природното право на тема: „Демократија и владеење на правото“ е во организација на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани