Пријава за напад врз малолетен син, полицијата ги пронашла децата како спијат во автомобил

Во ОВР Струга е извршен службен разговор со 40-годишен жител на струшко село, по претходна пријава дека физички го нападнал својот малолетен син.

Како што информира полицијата, на 8 јуни 2026 година со В.С.(40) бил извршен службен разговор во врска со пријава за физички напад врз неговото малолетно дете.

Во меѓувреме, на 9 јуни 2026 година, три минути по полноќ, истиот во ОВР Струга пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа.

По насоки од јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и при контрола на паркирано возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат во автомобилот.

Децата биле предадени на нивниот татко, а по целосно документирање на двата настани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани