Уапсен 31-годишен маж по пријава за семејно насилство во Охрид

Триесет и едногодишен маж од струмичко село е лишен од слобода по пријава за физички напад врз неговата сопруга во Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека на 8 јуни 2026 година во 16:25 часот, на булеварот „Македонски просветители“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Б. (31), постапувајќи по претходна пријава дека на булеварот „Туристичка“ физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани