Пријава за закана со пиштол поради паркинг

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишен охриѓанец поради сомнение за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и неовластено поседување оружје. На почетокот на август, во зграда на улицата „АСНОМ“ во Охрид, пријавениот наводно вперил пиштол кон скопјанец со кого претходно се расправал околу паркинг-простор. По судска наредба, полицијата му одзела пиштол и пушка, како и повеќе парчиња муниција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани