СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишен охриѓанец поради сомнение за узурпација на недвижности. Во текот на јули, тој бесправно оградил повеќе катастарски парцели во населбата Коњско, кои се во државна сопственост, со што, според полицијата, го оневозможил нормалното движење на граѓаните.
