ОВР Струга поднесе кривични пријави против две лица и правен субјект од Велешта поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со нелегална експлоатација на минерални суровини и загадување на водата за пиење.
Според полицијата, пријавените вршеле нелегални ископи на повеќе парцели, без важечки договор за концесија, во непосредна близина на изворите во селото Шум од каде со вода за пиење се снабдува Струга. Како последица, водата била загадена и заматена над 30 пати повеќе од дозволеното, што довело до долготраен прекин на водоснабдувањето и забрана за користење на водата за пиење, како и за лична и хигиена на рацете.
