Нова веб-страница и онлајн плаќање на сметките во Дебрца

Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ воведе нова веб-страница преку која жителите на општината отсега можат електронски да ги плаќаат своите сметки. Од општината информираат дека услугата овозможува брзо и безбедно плаќање од дома, без потреба од чекање на шалтер.

Досегашните начини на плаќање остануваат достапни за граѓаните кои ќе сакаат да ги користат. Новите е-услуги се достапни преку веб-страницата на ЈКП „Дебрца“ – jkpdebrca.mk.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани